Archive for мај, 2010

– Додека седевме во кафуле со мојот пријател, на нашата маса дојдоа полицајци. Веднаш почнаа да не` исмеваат. Ни рекоа да им ги дадеме ранците, а потоа ги претресоа. Откако не најдоа ништо, сепак не` приведоа во полициската станица во Кисела Вода. Другар ми го однесоа во една просторија, мене во друга. Не ме прашаа речиси ништо поврзано со дрога, туку колку години сум педер и со колку луѓе имам односи. Ми велеа дека доколку не биле законски попречени, би ме претепале. На крај ме натераа да се соблечам и да им го покажам задникот. Read the rest of this entry »